Geranoi-kai-sxedia1

Кои сме ние?


Ранвеј Инженеринг – Струмица е копманија која се занимава со инвестирање во високаградба со продажба на станбени и деловни простори, која постојано го следи трендот во градежниот сектор се со цел активно вклучување во подобрување на животниот стил на живеење во колективни станбени згради.

ПРОФЕСИОНАЛНОСТ


Досегашните објекти се потврда за професионалноста за која се залагаме, континуирано подобрувајќи го квалитетот кој го нудиме според законските и европските стандарди, а со тоа ги поставуваме и новите трендовите во градежништвото воопшто.

Ранвеј Инженеринг верува во задоволни купувачи, при што инсистираме на професионално, одговорно и навремено извршување на обврските кон нашите клиенти и соработници. Наш главен приоритет е обезбедување на квалитетно еко домување, притоа ставајќи главен акцент на сеизмичката сигурност и согурноста воопшто,, енергетската ефикасност на објектите за намалување на негативните влијанија врз животната средина и штедење енергија, преку квалитетот на градежните материјали и вградената опрема. На нашите клиенти им нудиме врвен квалитет на станбено деловни единици, по достапни услови согласно нивните потреби и можности.

civil-engineer2
10967226_10153772268805752_1665684837_o

Врвен квалитет


Материјалите и опремата кои ги вградуваме во нашите станбено – деловни објекти се исклучиво од реномирани европски и светски производители, за чиј квалитет гарантираат самите производители и дистрибутерите на истите. Со применувањето на енергетско ефикасните решенија, соработката со овластени изведувачи на гредежни и градежно занаетчиски работи, кои располагаат со сертификати за квалитет и современа опрема и механизација, нсистираме на постојано следење и примена на светските трендови во градежништвото. Општествената одговорност е наш главен принцип на работа… Се грижиме за општеството на кое му служиме.