Во овој тип на стан од претсобјето се влегува во бањата, спалната соба и просторот за дневен престој. Во просторот за дневен престој се сместени кујна и трпезарија. Кујната се перцепира како посебна простнорна целина. Станот располага со една тераса на која се излегува преку дневниот престој и преку спалната соба.
Станот е со вклучена pvc столарија со V коморен профил, надворешна блендирана врата, внатрешни врати од фурниран медијапан, инсталација за парно греење. Кујната и бањата се опремени со керамички плочки (подни и ѕидни), вклучително и вградени санитарни елементи, со бојлер во бањата. Подот на станот е паркет од висококвалитетно бамбусово дрво. Инсталација за кабловска телевизија.
- Површина: 1. Претсобје 4,48м2; 2. Бања 4,63м2; 3. Дневен престој 21,96м2; 4. Кујна 6,94м2; 5. Спална соба 13,74м2; 6. Тераса 5,72м2;
- Блендирана врата
- Бојлер
- Домофон
- Инсталација за кабелски оператор
- Инсталација за парно
- Керамички плочки
- Паркет
- ПВЦ инсталација
- Санитарни елементи