Во овој тип на стан со помош на претсобјето тој е поделен на две функционални единки и тоа, дневен престој од едната страна и простор за спиење на другата страна. Преку претсобјето има влез во гостинското wc, како и во просторијата за дневен престој, кој заедно со отворениот тип на кујна и трпезарија имаат излез на тераса. Преку дегажманот се пристапува кон трите спални соби и бањата која е во директна функција на истите. Две од спалните соби излегуваат на втората тераса.
Станот е со вклучена pvc столарија со V коморен профил, надворешна блендирана врата, внатрешни врати од фурниран медијапан, инсталација за парно греење. Кујната, бањата и гостинското wc се опремени со керамички плочки (подни и ѕидни), вклучително и вградени санитарни елементи, со бојлер во бањата. Подот на станот е паркет од висококвалитетно бамбусово дрво. Инсталација за кабловска телевизија.
- Површина: 1. Претсобје 7,46м2; 2. Кујна 7,07м2; 3. Дневен престој 34,24м2; 4. Гостинско wc 2,40м2; 5. Бања 5,29м2; 6. Дегажман 5,12м2; 7. Спална соба 12,17м2; 8. Спална соба 13,72м2; 9. Спална соба 14,57м2; 10. Тераса 7,96м2; 11. Тераса 5,40м2;
- Блендирана врата
- Бојлер
- Домофон
- Инсталација за кабелски оператор
- Инсталација за парно
- Керамички плочки
- Паркет
- ПВЦ инсталација
- Санитарни елементи