Во овој тип на стан преку претсобјето директно се влегува во просторот кој служи за дневен престој кој е ориентиран централно во станот, во кој, кујната заедно со трпезаријата е одделена како целина со излез на тераса. Од самото претсобје на левата страна има влез во две спални соби и гостинско wc, додека на дестаната страна е сместена уште една спална соба, која има излез на тераса и бања.
Станот е со вклучена pvc столарија со V коморен профил, надворешна блендирана врата, внатрешни врати од фурниран медијапан, инсталација за парно греење. Кујната, бањата и гостинското wc се опремени со керамички плочки (подни и ѕидни), вклучително и вградени санитарни елементи, со бојлер во бањата. Подот на станот е паркет од висококвалитетно бамбусово дрво. Инсталација за кабловска телевизија.
- Површина: 1. Претсобје 8,71м2; 2. Бања 4,99м2; 3. Гостинско wc 1,75м2; 4. Спална соба 15,01м2; 5. Спална соба 11,34м2; 6. Спална соба 10,46м2; 7. Дневен престој 27,95м2; 8. Кујна 5,98м2; 9. Тераса 5,75м2; 10. Тераса 6,98м2
- Блендирана врата
- Бојлер
- Домофон
- Инсталација за кабелски оператор
- Инсталација за парно
- Керамички плочки
- Паркет
- ПВЦ инсталација
- Санитарни елементи