Во овој тип на стан претсобјето заедно со бањата и гостинското wc се одделени како посебна просторна и функционална единка. Просторот кој служи за дневен престој е сместен централно во станот, заедно со кујната и трпезаријата. Двете спални соби се сместени бочно, од кои спалната соба е на едната страна, а детската соба е на спротивната страна, и сетоа тоа е како резултат на централниот простор кој служи за дневен престој. На едната тераса се изглегува од дневниот престој и од големата спална соба, а другата тераса има само излез од детската соба.
Станот е со вклучена pvc столарија со V коморен профил, надворешна блендирана врата, внатрешни врати од фурниран медијапан, инсталација за парно греење. Кујната, бањата и гостинското wc се опремени со керамички плочки (подни и ѕидни), вклучително и вградени санитарни елементи, со бојлер во бањата. Подот на станот е паркет од висококвалитетно бамбусово дрво. Инсталација за кабловска телевизија.
- Површина: 1. Претсобје 8,67м2; 2. Бања 4,97м2; 3. Гостинско wc 2,45м2; 4. Дневен престој 23,36м2; 5. Кујна 4,09м2; 6. Спална соба 14,55м2; 7. Спална соба 17,73м2; 8. Тераса 5,20м2; 9. Тераса 6,62м2;
- Блендирана врата
- Бојлер
- Домофон
- Инсталација за кабелски оператор
- Инсталација за парно
- Керамички плочки
- Паркет
- ПВЦ инсталација
- Санитарни елементи