Во овој тип на стан преку претсобјето, во кое може да се смести вграден плакар, од левата страна се влегува во дневниот престој, во центарот е сместена едната спална соба, а од десната страна другата спална соба и бањата. Просторот за дневен престој кој е поставен на левата страна на претсобјето, визуелно е поделен на две функционални целини: кујна со трпезарија како една целина и простор за дневен престој од кој се изглегува на терасата. Едната спална соба е поставена централно и има излез на истата тераса, како и просторијата за дневен престој, додека пак другата спална соба е поставена бочно веднаш до првата и има излез на втората тераса.
Станот е со вклучена pvc столарија со V коморен профил, надворешна блендирана врата, внатрешни врати од фурниран медијапан, инсталација за парно греење. Кујната и бањата се опремени со керамички плочки (подни и ѕидни), вклучително и вградени санитарни елементи, со бојлер во бањата. Подот на станот е паркет од висококвалитетно бамбусово дрво. Инсталација за кабловска телевизија.
- Површина: 1. Претсобје 7,38м2; 2. Бања 5,86м2; 3. Дневен престој 20,30м2; 4. Кујна 6,70м2; 5. Спална соба 15,04м2; 6. Спална соба 14,70м2; 7. Тераса 7,16м2; 8. Тераса 5,59м2;
- Блендирана врата
- Бојлер
- Домофон
- Инсталација за кабелски оператор
- Инсталација за парно
- Керамички плочки
- Паркет
- ПВЦ инсталација
- Санитарни елементи